ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА РАЗГОВАРА ЗА НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ МИРОВЕН ПЛАН КОЈ БАРА БРОЈНИ ОТСТАПКИ ОД УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА РАЗГОВАРА ЗА НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ МИРОВЕН ПЛАН КОЈ БАРА БРОЈНИ ОТСТАПКИ ОД УКРАИНАЗеленски кажа дека ќе разговара со Доналд Трамп во следните денови (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека е спремен за чесна работа со САД откако добил нацрт на новиот план за крај на војната со Русија, што ја принудува Украина на бројни отстапки. Неколкумина американски медиуми ги објавија точките од планот, кој бара од Украина да го предаде регионот Донбас во целост, да ја намали својата војска и да вети дека нема да се придружи на НАТО.

    Американската страна презентираше точки од планот за завршување на војната, нивната визија. Јас ги изложив нашите клучни принципи. Се согласивме дека нашите тимови ќе работат на точките“, кажа Зеленски.

    Не е познато колку Украина учествувала во создавањето на планот, но портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека „двете страни еднакво биле вклучени со САД“.

    Украина се согласи да работи на одредбите од планот на начин што ќе доведе до праведен крај на војната“, соопшти кабинетот на Зеленски.

    Според планот, Украина треба да ја намали својата војска на 600.000 припадници и да се откаже од дел од своето оружје, но европски борбени авиони ќе бидат стационирани во Полска како дел „цврсти безбедносни гаранции“. Планот предвидува и реинтеграција на Русија во светската економија преку укинување на санкциите и поканата за враќање во групата Г7, која со тоа повторно би станала Г8.

    Зеленски кажа дека ќе разговара со Доналд Трамп во следните денови. Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува планот, но негираше дека се бараат големи отстапки од Украина.

    Специјалниот пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио работеа на предлогот тивко околу еден месец и ги ангажираа двете страни за да разберат на што би се обврзале за да се дојде до траен мир. Тоа е добар план и за Русија и за Украина и веруваме дека е прифатлив за двете страни“, кажа Ливит.

    Москва се обиде да го намали значењето на новата иницијатива на САД.

    Консултациите во моментов не се во тек. Секако, има контакти, но нема процес што би можел да се нарече консултации“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој кажа дека Русија нема што да додаде освен ставот што Владимир Путин го изнесе на самитот со Трамп во август, а тоа е дека секој мировен договор мора да ги реши суштинските причини за конфликтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира