ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ДОПАТУВА НА САМИТОТ НА Г7 ВО ХИРОШИМА, КАДЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ДОПАТУВА НА САМИТОТ НА Г7 ВО ХИРОШИМА, КАДЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈАЛидерите на Г7 положија венци во Меморијалниот мировен парк во Хирошима (Фото: АП)

    Володимир Зеленски ќе допатува на самитот на Г7 во јапонскиот град Хирошима, што почна денеска, во обид да се изврши дополнителен притисок врз Русија. Украинскиот претседател лично ќе учествува на самитот в недела, а денеска ќе се појави онлајн.

    Многу важни работи ќе бидат решени таму и присуството на нашиот претседател е од суштинско значење заради одбрана на нашите интереси“, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Олексиј Данилов.

    Се очекува лидерите на седумте најнапредни светски економии да објават нови санкции за Русија и да договорат поблиска соработка во спротивставувањето на Кина. Велика Британија веќе најави дека ќе го забрани увозот на руските дијаманти и метали, вклучувајќи ги бакарот и алуминиумот и ќе воведе санкции за уште 86 поединци од Русија.

    На американската црна листа ќе бидат додадени уште 70 субјекти и нови сектори на руската економија. На самитот ќе слушнете моќни пораки на единство, сила и посветеност како одговор на руската агресија. Ќе видите нови чекори за економска изолација на Русија“, изјави висок американски функционер.

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Хирошима намерно била избрана за домаќин на самитот за да се сврти вниманието кон контролата на вооружувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира