ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПОТПИШЕ БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ СО ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНА ПОДДРШКА НА УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПОТПИШЕ БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ СО ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНА ПОДДРШКА НА УКРАИНАЗеленски денеска ќе се сретне со Шолц и Макрон (Фото: Икс)

    Володимир Зеленски денеска ќе ги посети Париз и Берлин, при што ќе потпише билатерални договори со Франција и Германија, со кои тие ќе се обврзат дека ќе ја помагаат Украина, додека војната со Русија навлегува во третата година. Зеленски прво ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а подоцна и со францускиот претседател Емануел Макрон.

    Патувањето се случува додека украинските сили се мачат да ја задржат контролата врз источниот град Авдивка, за кој Вашингтон вели дека е пред пад. Украина се соочува со недостиг на војници и муниција на фронтот, што се должи и на повеќемесечната блокада на американската помош во Конгресот.

    Засега не се познати деталите од договорот што Зеленски ќе ги потпише со двете земји, но Киев претходно кажа дека сака да го искористи претходно потпишаниот договор со Велика Британија како рамка. Овој договор содржи разни видови поддршка, при што Лондон се обврза дека ќе продолжи да ја снабдува Украина.

    Француски функционери кажаа дека договорот Париз-Киев вклучува не само воени, туку и економски и финансиски елементи.

    „Целта е поддршката за Украина да биде долгорочна, во обид да се запре руската агресија“, велат од француската влада.

    Германија планира да потроши 3,5 милијарди евра на муниција за Украина оваа година и да испорача три до четири пати поголемо количество во споредба со лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира