ЗЕЛЕНСКИ НЕ САКАШЕ ДА ГИ СЛУША НАШИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА РУСКАТА ИНВАЗИЈА, КАЖА БАЈДЕН

    ЗЕЛЕНСКИ НЕ САКАШЕ ДА ГИ СЛУША НАШИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА РУСКАТА ИНВАЗИЈА, КАЖА БАЈДЕНПред почетокот на рускиот напад, Зеленски кажуваше дека западот шири паника (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сакал да ги слуша неговите предупредувања откако американските разузнавачи собрале информации дека Русија планира да изврши инвазија.

    Зборувајќи на собирот на донаторите на Демократската партија во Лос Анџелес, Бајден кажа дека многумина не му верувале дека Русија планира да ја нападне Украина.

    Ништо слично не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам, но имавме јасни податоци кои ни кажуваа дека Владимир Путин ќе оди преку границата. Немаше сомнеж во тоа. Но, Зеленски не сакаше да нè слуша“, изјави Бајден.

    Иако Зеленски инспирираше многумина со своето водство за време на војната, неговите подготовки за можната инвазија остануваат контроверзно прашање. Во неделите пред почетокот на рускиот напад на 24 февруари, Зеленски тврдеше дека западот шири паника и дека нема назнаки дека Русија во скоро време ќе ја нападне Украина. Тој исто така сметаше дека најавите за војна би можеле да ѝ наштетат на кревката украинска економија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира