ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА АВИОНИ ВО РАЗГОВОРОТ СО АМЕРИКАНСКИТЕ КОНГРЕСМЕНИ, ТИЕ ВЕТИЈА ПОМОШ ОД 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА АВИОНИ ВО РАЗГОВОРОТ СО АМЕРИКАНСКИТЕ КОНГРЕСМЕНИ, ТИЕ ВЕТИЈА ПОМОШ ОД 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИЗеленски постојано бара да се воведе забрана за летање над Украина (Фото: АП)

    Володимир Зеленски побара да ѝ се испратат авиони на Украина во денешниот видеоразговор со американските конгресмени, изјави лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер. Во Конгресот постои едногласна поддршка за десет милијарди долари вредниот пакет на итна воена и хуманитарна помош за Украина.

    Зеленски постојано повикува да се воведе забрана за летање над Украина, што САД и НАТО го одбиваат, стравувајќи од многу поширок конфликт. Место тоа, САД му ветија воена помош на Зеленски, кој упати очајнички апел до европските држави да ѝ обезбедат руски авиони на Украина.

    „Тие авиони им се многу потребни. И ќе сторам сè да ѝ помогнам на администрацијата да се олесни тој трансфер“, кажа Шумер.

    Повеќе од 280 членови на Сенатот и Претставничкиот дом учествуваа во видеоразговорот.

    Републиканците и демократите кажаа дека заедно ќе работат на тоа на Украина да ѝ се испорача економска, хуманитарна и безбедносна помош од 10 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира