Едно лице загина, а најмалку 29 се повредени по земјотрес од 6,1 степен според Рихтерова скала во градот Синдирги во турската североисточна покраина Баликесир. Повеќе од десет згради се урнати, а земјотресот се почувствувал и во 200 километри оддалечениот Истанбул.
Турското министерство за внатрешни работи кажа дека 81-годишна жена починала набргу откако била извлечена од урнатини. Спасувачката акција е завршена и властите кажаа дека нема назнаки дека ќе има уште жртви.
„Четворица граѓани се извлечени во брза спасувачка акција. За жал, 81-годишна жена почина потоа. Повредените не се во сериозна состојба“, изјави министерот Али Јерликаја.
Снимки од Синдирги покажуваат целосно уништени големи згради и купишта од бетон и челик. Јерликаја рече дека повеќето од уништените згради биле запуштени и некористени.