ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,9 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ФИЛИПИНИ, НАЈМАЛКУ 69 ЗАГИНАТИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,9 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ФИЛИПИНИ, НАЈМАЛКУ 69 ЗАГИНАТИЗемјотреси и вулкански активности се вообичаени во Филипини (Фото: АП)

    Најмалку 69 луѓе загинаа откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел на Филипини. Епицентарот на плиткиот земјотрес бил во близина на градот Бого во покраината Себу, каде што болниците се преполни, изјавија од цивилната заштита. Еден функционер изјави дека има најмалку 150 повредени.

    Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос, кажа дека државата брзо ќе реагира за да им помогне на настраданите.

    Себу, една од најпопуларните туристички дестинации во Филипини, има околу 3,4 милиони жители. И покрај штетата, прометниот меѓународен аеродром „Мактан-Себу“ продолжил со работа.

    Состојба на катастрофа е прогласена во Сан Ремигио, уште еден тешко погоден град. Заменик-градоначалникот Алфи Рејнес побарал помош во храна, вода и тешка механизација. Тој кажа дека меѓу загинатите се некои луѓе кои играле кошарка во локален спортски комплекс, кој се урнал во земјотресот.

    Земјотреси и вулкански активности се вообичаени во Филипини. Последниот земјотрес со жртви се случи во 2023, кога загинаа осум луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира