Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтерова скала денеска ги погоди Турција и Грција.
Епицентар на земјотресот бил 17 километри покрај брегот на западната турска провинција Измир, северно од грчкиот остров Самос во Егејско Море. Тресењето се почувствувало и во Атина, Истанбул и на грчкиот остров Крит.
Засега нема информации за жртви, додека снимките од Измир покажуваат урнати згради. Грчките медиуми јавуваат за штети и на Самос.
Во земјотресот што го погоди Измит во 1999 година загинаа 17.000 луѓе.