ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА ДОНЕСЕ УНИШТУВАЊА ВО ОБЛАСТ ДОЛГА 330 КИЛОМЕТРИ, ДОСЕГА НАД 2.300 МРТВИ

    ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА ДОНЕСЕ УНИШТУВАЊА ВО ОБЛАСТ ДОЛГА 330 КИЛОМЕТРИ, ДОСЕГА НАД 2.300 МРТВИГолем број луѓе остануваат заробени под урнатините (Фото: Гети)

    Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300, од кои речиси 1.500 низ десет турски провинции. Се очекува бројките значително да пораснат во услови кога голем број луѓе остануваат заробени под урнатините.

    Размерите на катастрофата се широко распространети и разорни. Ресурсите не се проблем во пронаоѓањето на преживеаните, туку времето. Ние сме во трка со времето. Имаме радари и сензори за топлина, но луѓето мора да се спасат пред дополнително да се влошат временските услови“, изјави советникот на турскиот претседател Ердоган, Инур Чевик.

    Југоисточниот дел на Турција утрово го погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, најсилен од 1939 година, оставајќи тешки последици и во Сирија. Неполни 12 часа подоцна уследи уште еден од 7,5 степени, за кој експертите кажаа дека не бил афтершок, туку независен земјотрес.

    Илјадници објекти, меѓу нив и 2.000 години стар замок во Газијантеп, се разурнати или оштетени на широк потег од сириските градови Алепо и Хама до Дијарбакир во Турција, оддалечени над 330 километри. Земјотресот донесе уште мизерија во регионот кој доживеа огромни страдања во изминатата деценија, при што во Сирија се погодени и територија под контрола на владата во Дамаск и последната бунтовничка енклава.

    Европската Унија објави дека се активирани тимови за помош од десетина нејзини членки, а меѓу државите кои најавија помош се и САД, Русија, Кина, Израел, Индија, Пакистан и Велика Британија. Спасувачките напори во следните денови ќе бидат отежнати од тешките временски услови во некои од погодените подрачја, што вклучува пороен дожд, снежни врнежи и смрзнувачки температури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира