ЖАН-ЛИК БРУНЕЛ, ПРИТВОРЕН ПОД СОМЕНИЕ ДЕКА МУ НОСЕЛ ДЕВОЈЧИЊА НА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН, НАЈДЕН ОБЕСЕН ВО КЕЛИЈА

    ЖАН-ЛИК БРУНЕЛ, ПРИТВОРЕН ПОД СОМЕНИЕ ДЕКА МУ НОСЕЛ ДЕВОЈЧИЊА НА ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН, НАЈДЕН ОБЕСЕН ВО КЕЛИЈАЖан-Лик Брунел (десно) со Џефри Епстајн (во средината) и неговата девојката Гислајн Максвел, во приватниот авион на Епстајн „Лолита експрес“. (Фото: Шатерсток)

    Поранешниот шеф на француската агенција за модели Жан-Лик Брунел (75),обвинет за силување и под истрага дека му носел малолетни девојчиња на починатиот американски богаташ Џефри Епстајн, е најден мртов во затвор. Телото на Брунел наводно било пронајдено обесено во неговата ќелија рано утрово. Француското обвинителство ја потврди веста и рече дека е отворена истрага за точната причина за смртта, но првите индиции укажуваат на самоубиство.

    Брунел, кој беше шеф на престижната агенција „Карин моделс“, беше уапсен во декември 2020 на аеродромот „Шарл де Гол“ пред да се качи на авион за Дакар во Сенегал каде, како што ѝ кажал на полицијата, одел на одмор.

    Тој беше официјално под истрага поради наводите за силување малолетничка и сексуално вознемирување веднаш по апсењето, а лани во јуни беше и под втора истрага за силување малолетничка. Инспекторите го испрашувале Брунел поради сомневање за трговија со малолетни девојчиња за сексуална експлоатација. Тој беше задржан во притвор во затворот Ла Санте во Париз.

    Неколку топ модели го обвинија за сексуален напад и силување, а француската полиција сослушала стотици потенцијални сведоци. Брунел негираше каков било прекршок или каква било вмешаност во незаконски активности. Тој исчезна од јавниот живот набргу по смртта на Епстајн во август 2019. Максвел е в затвор осудена за сексуална трговија со луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира