ЖЕНА РАНИ 18 ЛУЃЕ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ХАМБУРГ

    ЖЕНА РАНИ 18 ЛУЃЕ ВО НАПАД СО НОЖ ВО ХАМБУРГПолицијата верува дека нападот нема политички мотиви (Фото: ЕПА)

    Осумнаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, за што е уапсена жена. Полицијата кажа дека неколкумина од нив имаат повреди опасни по живот.

    Нападот го извршила 39-годишна германска државјанка, која е во притвор и денеска треба да се појави во суд.

    Веруваме дека таа делувала сама и дека немала политички мотиви. Се чини дека таа била во состојба на ментално растројство“, изјави портпаролот на полицијата на Хамбург, Флоријан Абенсет.

    Ова е последниот во серијата насилни напади во Германија во изминатите месеци, во кои беа убиени повеќе луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира