ЖЕНА СО УТРОБАТА НА СОПРУГОТ ВО БАГАЖОТ ЗАПРЕНА НА АЕРОДРОМОТ ВО ГРАЦ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Грац,(Индепендент)

    ЖЕНА СО УТРОБАТА НА СОПРУГОТ ВО БАГАЖОТ ЗАПРЕНА НА АЕРОДРОМОТ ВО ГРАЦ

    Цариниците на аеродромот во Грац запреа жена која патувала со два контејнери со утробата на нејзиниот починат сопруг. Пакетите припаѓале на мароканска државјанка која се сомневала дека нејзиниот сопруг бил отруен. Тој починал за време на операција во Мароко, според весникот „Клајне Цајтунг“. Жената поминувала низ аеродромот во Грац на југот на Австрија, но била запрена од служебниците откако забележале дека се однесува сомнително.

    Во разговор со службениците, жената кажала дека сака да се направат тестови на останките за да се истражат нејзините сомневања околу смртта на нејзиниот сопруг.  

    Сепак, докторот повикан на аеродромот кажа дека соодветна истрага не може да се направи без целиот труп. Австрискиот министер за финансии, под чија надлежност е царината, го потврди невообичаениот случај. Сепак, полицијата соопшти дека истрага не е отворена, бидејќи жената не прекршила ниту еден закон. Утробата е складирана и чека понатамошно испитување од научници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира