Триесет и осумгодишна жена загина утрово во експлозија на бомба во центарот на Солун. Инцидентот се случил околу шест часот по локално време и полицијата кажа дека жената ја носела бомбата и сакала да ја постави пред банка во близина.
Во експлозијата се оштетени неколку излози и возила.
Полицијата објави дека жената отпорано им била позната на властите како учесничка во неколку грабежи и се истражува дали била поврзана со екстремистички левичарски групи.
Неколку полициски извори кажаа дека се земени аудиовизуелни докази кои потврдуваат дека бомбата експлодирала во рацете на жената пред да ја остави на банкомат.