ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО УКРАИНА, ИСКЛУЧЕН Е ПОСЛЕДНИОТ РЕАКТОР ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ ОД УРНАТАТА БРАНА

    ЖЕСТОКИ БОРБИ ВО УКРАИНА, ИСКЛУЧЕН Е ПОСЛЕДНИОТ РЕАКТОР ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ ОД УРНАТАТА БРАНАЗаради безбедност е ставен во „ладно затворање“ последниот оперативен реактор во најголемата нуклеарна централа во Европа. (Фото: АП)

    Украинската војска објави дека денеска се водат интензивни борби со руските сили, а украинската Агенција за нуклеарна енергија соопшти дека го ставила во „ладно затворање“ заради безбедност последниот оперативен реактор во најголемата нуклеарна централа во Европа. Откако руските сили ја нападнаа Украина со проектили и беспилотни летала во текот на ноќта, што резултираше со жртви и оштетување на воен аеродром, канадскиот премиер Џастин Трудо денеска нњнајавено пристигна во Киев, негова втора посета на Украина по руската инвазија во февруари лани. Тој е во придружба на вицепремиерката Кристиа Фриланд.

    Генералштабот на Украина денеска соопшти дека во тек се „тешки битки“, со 34 судири претходниот ден во индустрискиот исток на земјата. Штабот не даде детали, но рече дека руските сили „се бранат“ и изведуваат воздушни и артилериски напади во јужните украински региони Херсон и Запорожје. Вчера, рускиот претседател Владимир Путин го изрази својот став дека украинските трупи започнале долгоочекувана контраофанзива и претрпеле „значајни“ загуби.

    Во нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од руските сили, пет од шест реактори веќе беа во состојба на ладно исклучување, тоа е процес во кој сите контролни шипки се вметнуваат во јадрото на реакторот за да се запре нуклеарната фисија и создавање топлина и притисок. Енергоатом, украинската нуклеарна агенција, во соопштение доцна синоќа рече дека нема „директна закана“ за централата во Запорожје поради пробивањето на браната Каховка подолу по реката Днепар, што принуди илјадници луѓе да избегаат од поплавите, а исто така нагло се намалени нивоа на водата во резервоар што се користи за да се лади објектот.

    Енергоатом соопшти дека го исклучил последниот реактор поради тоа, а исто така и поради гранатирање во близина на локацијата што ги оштетила воздушните линии што ја поврзуваат централата со енергетскиот систем на Украина.
    Со прекин на сите нуклеарни реакции, температурите и притисокот во реакторите постепено се намалуваат, намалувајќи го потребниот интензитет на водено ладење на радиоактивното гориво.

    Ова е најбезбедниот режим на работа на нуклеарната централа. Вработените во Енергоатом сè уште работат во електраната, иако таа и понатаму е под контрола на Русите. Енергетските единици на локацијата не работат од септември минатата година. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија во наредните денови треба да ја посети Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира