ЖИТЕЛИТЕ НА 26 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОД ДЕНЕСКА НЕ СМЕАТ ДА ПАТУВААТ ВО САД, ФРАНЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ЛУВР И АЈФЕЛОВА КУЛА ПО 800 НОВИ СЛУЧАИ

    ЖИТЕЛИТЕ НА 26 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОД ДЕНЕСКА НЕ СМЕАТ ДА ПАТУВААТ ВО САД, ФРАНЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ЛУВР И АЈФЕЛОВА КУЛА ПО 800 НОВИ СЛУЧАИЗабраната што ја воведе Трамп не ги погодува Велика Британија и американските државјани кои се враќаат дома (Фото: АП)

    Жителите на 26 европски држави од денеска не смеат да патуваат во САД откако на сила стапи забраната што Доналд Трамп ја воведе како мерка против ширењето на коронавирусот. Таа ги погодува земјите кои се дел од Шенген зоната, но не и Велика Британија и американските државјани кои се враќаат дома.

    Трамп вчера прогласи вонредна состојба на територијата на САД и ослободи 50 милијарди долари за да ја помогне борбата против ширењето на заразата. Во САД има речиси 2.000 случаи на коронавирус, како и 43 починати.

    Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн објави дека сите кои влегуваат во земјата ќе мора да се самоизолираат на 14 дена.

    Јужна Кореја втор ден по ред пријави повеќе случаи на заздравување од новозаразени. Во последните 24 часа во земјата имало само 107 нови случаи на коронавирус.

    Франција ги затвори Лувр, замокот Версај и Ајфелова кула и ги забрани сите собири со повеќе од 100 луѓе откако во последните 24 часа биле регистрирани 800 нови случаи. Од понеделник, низ Франција ќе бидат затворени сите училишта и универзитети.

    Драстични мерки воведува и Унгарија, каде што се затвораат сите училишта и премиерот Орбан кажа дека тоа би можело да трае со месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира