Седумдесет и тригодишна жена од Албанија е прва жртва на коронавирусот во регионот.
Тамошните медиуми објавија дека станува збор за жителка на Драч, која починала во болница во Тирана, каде што била пренесена откако ѝ се влошила состојбата.
„Имаме сомнежи дека таа заразила и други членови на семејството, имајќи предвид дека дури вчера беше потврдено дека има коронавирус“, изјавија извори од болницата.
Први случаи на коронавирус во Албанија се регистрирани пред два дена и досега има 12 заразени.