Жизел Пелико, Французинката која лани доби меѓународно признание откако како жртва на масовно силување јавно сведочеше на судењето, ја доби највисоката награда на Франција. 72-годишната Пелико е прогласена за витез на Легијата на честа на листата објавена пред Денот на Бастилја, 14 јули во Франција.
Пелико се откажа од правото на анонимност за време на високопрофилираното судење против нејзиниот сопруг кој ја дрогирал и силувал, покрај тоа што поканувал десетици странци да ја злоупотребуваат во текот на речиси една деценија.
Пелико беше меѓу 589 други лица на кои денеска им беше доделено највисокото француско признание.
Жизел присуствуваше речиси секој ден од судењето, кое заврши минатиот декември со пресуда за 72-годишниот Доминик Пелико, кој доби максимална казна од 20 години затвор за тешко силување, откако призна дека ја дрогирал и регрутирал околу 50 мажи да ја силуваат додека таа лежела во искомирана во кревет.
„Сакам сите жени кои биле силувани да кажат: Госпоѓа Пелико го направи тоа, и јас можам“, изјави претходно Пелико пред новинарите, додавајќи дека сака „срамот да ги смени страните“ од жртвата кон силувачот.
Францускиот претседател Емануел Макрон јавно ѝ оддаде почит на Пелико како пионер, додавајќи дека нејзиното „достоинство и храброст ја трогнаа и инспирираа Франција и светот“.
Според нејзиниот адвокат, мемоарите во кои е опишана приказната на Жизел Пелико со нејзини зборови ќе бидат објавени на почетокот од следната година.