ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „ФОРМАТА НА ВОДАТА“ НА ГИЛЈЕРМО ДЕЛ ТОРО

    ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА „ФОРМАТА НА ВОДАТА“ НА ГИЛЈЕРМО ДЕЛ ТОРООва е прва победа на престижниот фестивал за прочуениот мексикански режисер Дел Торо (Фото: АП)

    „Формата на водата“, чудовишниот трилер на Гилјермо дел Торо го освои Златниот лав,  главната награда на Венецискиот филмски фестивал, како врв го 11-дневниот настан каде демоните на социјалната поделба и еколошката катастрофа беа главна тема. Дел Торо беше прогласен за добитник на Златен лав од жирито на чело со американската актерка Анет Бенинг, победувајќи ги кандидатите меѓу кои и „Субурбикон“ на Џорџ Клуни и „Намалување“ на Александер Пејн.

    Французинот Ксавиер Легранд е најдобар режисер за дебито „Старателство“ кој ја освои и наградата за најдобар прв филм (Фото: АП)

    Мексиканскиот режисер изјави дека неговата победа испраќа порака „да се остане чист и да се има верба, во што и да верувате“.

    „Во мојот случај, тоа се чудовишта“, изјави 52-годишниот режисер на филмови богати со демони и други фантастични суштества, меѓу кои се и „Хелбој“ и „Лавиринтот на Пан“.

    „Никогаш не сум бил спортист и ова ми се чини како трчање маратон и победа“, рече Дел Торо примајќи го трофејот. „Овој филм се правеше шест години, па по шест години ова е почеток и чувство на награда и љубов од публиката – во овој случај љубов на жирито и фестивалот“.

    Палестинскиот театарски ветеран Камел Ел Баша е најдобар актер за драмата на Зиад Дуеири „Навреда“ (Фото: АП)

    „Формата на водата“ е  приказна за една нема млада жена, ја игра Сали Хокинс, која ќе се вљуби во мистериозно морско суштество кое се чува во строго обезбедена лабораторија. На многу гледачи во Венеција им се допадна смелиот микс на жанрови во  филмот: тоа е филм за чудовиште, трилер за Студената војна, драма за социјални прашања, па дури и, понекогаш, мјузикл.

    Дел Торо изјави дека неговата победа е оправдување за филмовите за чудовишта, научната фантастика и други понекогаш потценети филмски жанрови.

    „Ова е прекрасно охрабрување, прекрасно дело на љубовта, и мислам дека тоа е нешто многу неопходно”, изјави тој. „Време е да разбереме дека не може да ги сметате за легитимни само едни жанрови а не и другите“.

    Британската ѕвезда Шарлот Рамплинг ја освои наградата за најдобра актерка за филмот на Андреа Палаоро „Хана“ (Фото: АП)

    74-тото издание на најстариот филмски фестивал во светот донесе ѕвезди, меѓу кои Клуни, Мет Дејмон и Џенифер Лоренс на престижниот остров Лидо од италијанскиот град.

    Гран при на жирито доби „Фокстрот“ на израелскиот режисер Самуел Маоз, убедлива студија за тагата на семејството и начинот на кој траумата одекнува низ генерациите. Маоз, кој го освои Златниот лав во 2009  за неговиот воен филм „Либан“, доби негативна реакција во Израел, бидејќи „Фокстрот“ е критичен кон армијата, најупочитуваната институција во земјата.

    „Нико, 1988“ на италијанската режисерка Сузана Ничијарели победи во Хоризонти (Фото: АП)

    Маоз рече дека ниедно општество не може да процвета кога „критичарите се сметаат за предавници“.

    Французинот Ксавиер Легранд е  најдобар режисер за дебито „Старателство“ кој ја освои и наградата за најдобар прв филм.

    Палестинскиот театарски ветеран Камел Ел Баша е најдобар актер за драмата на Зиад Дуеири „Навреда“. Британската ѕвезда Шарлот Рамплинг ја освои наградата за најдобра актерка за филмот на Андреа Палаоро „Хана“.

    Други добитници се австралискиот вестерн „Слатка земја“ на Ворик Торнтон кој освои Специјална награда на жирито и „Три билборди вон Ебинг, Мисури” на Мартин Мекдона кој го освои трофејот за најдобар сценарио. „Нико, 1988“ на  италијанската режисерка Сузана Ничијарели, биофилм за поранешната пејачка на „Велвет андерграунд“ Нико, победи во програмата Хоризонти што се фокусира на нови режисери.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира