ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК“ НА КЕН ЛОУЧ

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Кан(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „ЈАС, ДАНИЕЛ БЛЕЈК“ НА КЕН ЛОУЧ

    Легендарниот британски автор Кен Лоуч ја освои Златната палма за „Јас, Даниел Блејк“, на 69. Кански филмски фестивал што заврши вечерва. За Лоуч, кој лани се пензионираше, ова е втора Златна палма, по „Ветерот што го ниша јачменот“.

    „Јас, Даниел Блејк“ е за двајца луѓе – една самохрана мајка на две деца и еден невработен столар кој се опоравува од срцев удар –  фатени во стапицата на еден нефункционален социјален систем. Овој филм беше меѓу фаворитите за награда по канската премиера.

    Гран при освои канадскиот автор Ксавие Долан за „Тоа е само крај на светот“, наградата за најдобар режисер ја поделија Французинот Оливие Асајас за „Личен купувач“ и Романецот Кристијан Мунгиу за „Матура“.

    Иранскиот оскаровец Асгар Фархади со „Трговец“ освои 2 награди, за најдобро сценарио и за најдобар актер за Шахаб Хосеини.

    Филипинката Жаклин Жосе освои награда за најдобра актерка во „Ма Роса“ на Бриланте Мендоза. Наградата на жирито ја доби „Американска душа“ на Андреа Арнолд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари