„Плоштадот“, необична сатирична комедија за уметничкиот свет на шведскиот автор Рубен Ослунд ја освои Златната палма на 70. Кански филмски фестивал. Победата на Остлунд, кој пред 3 години со драмата „Виша сила“ („Турист“) освои награда за најдобра режија во канската програма Извесен поглед, е изненадување иако филмот добро помина кај критиката. Францускиот фаворит за палмата „120 отчукувања во минута” на Робин Кампијо, поглед на успонот на активизмот за СИДА, освои Гран при на жирито на чие чело беше шпанскиот оскаровец Педро Алмодовар.
Софија Копола освои награда за најдобра режија за „Измамени“, страшната драма за Граѓанската војна со Никол Кидман и Кирстен Данст.
Американскиот актер Хоакин Феникс е најдобар актер за „Ти никогаш не беше навистина тука“, британската драма за секс-трговијата со луѓе на Лин Ремзи, а Германката Дијане Кригер е најдобра актерка за „Во сенката“ на Фатих Акин.
„Нељубена“ на рускиот автор Андреј Звјагинцев ја освои наградата на жирито, а Никол Кидман, која во Кан имаше 4 филма, освои специјална награда на жирито по повод јубилејното 70. издание на фестивалот.
Златна камера за деби освои „Млада девојка“ на француската авторка Леонор Серај.