ЗНАМЕ НА ЕУ ТРГНАТО ОД ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ВО ПАРИЗ ПО ГНЕВНИТЕ РЕАКЦИИ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА

    ЗНАМЕ НА ЕУ ТРГНАТО ОД ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ВО ПАРИЗ ПО ГНЕВНИТЕ РЕАКЦИИ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦАОд владата кажаа дека промената требала да биде привремена (Фото: Гети)

    Огромно знаме на Европската Унија беше отстрането од Триумфалната порта во Париз по критиките од француските крајнодесничарски политичари. Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен изјави дека заменувањето на француското знаме на споменикот е напад на идентитетот на земјата.

    Од владата кажаа дека промената и онака требала да биде привремена, што уследи само ден откако Франција го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија.

    Ле Пен, која ќе биде кандидатка на претседателските избори во април, најави дека ќе поднесе тужба во Државниот совет, највисокиот суд во Франција за административни прашања.

    „Да за претседавање со Европа, не за бришење на францускиот идентитет. Вратете го знамето на Франција, им го должиме тоа на сите војници кои ја пролеале крвта за него“, кажа конзервативната кандидатка Валери Пекрес.

    Францускиот министер за европски прашања Клеман Боне негираше дека владата потклекнала под притисокот на крајната десница.

    „Беше планирано знамето да се тргне оваа недела“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира