ЗОРАН МИЛАНОВИЌ ОСВОИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ ВО ХРВАТСКА

    ЗОРАН МИЛАНОВИЌ ОСВОИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ ВО ХРВАТСКАМилановиќ освои над 74 % од гласовите и го победи кандидатот на ХДЗ Драган Приморац. (Фото: Индекс.хр)

    Aктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ, кој е поддржан од СДП и нејзините партнери, денеска победи во вториот круг на претседателските избори. Според хрватската Државна изборна комисија, по обработени 98,65% избоачки места, Милановиќ освои 74,58% од гласовите, а кандидатот на ХДЗ Драган Приморац 25, 42%.

    „Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа. Ова е плебисцитарната порака на хрватскиот народ до сите оние кои треба да ја слушнат и барам да ја слушнат. Ве молиме дајте голем аплауз за сите членови и гласачи на ХДЗ. Како и да сакате, мојата подадена рака е кон оние кои имаат извршна функција во оваа држава, кои велат дека тие се одговорни за 99% од се. Владата е најодговорна во оваа држава, ова не е поддршка за мене, никој има поддршка од 70 и нешто проценти од гласачите, тоа е само во овој момент и само денес“, рече Милановиќ во победничкиот говор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира