„ЅВЕР ОД ИСТОКОТ“ ДОСЕГА УСМРТИ 41 ЛИЦЕ, ВО ШВАЈЦАРИЈА ИЗМЕРЕНИ -36 СТЕПЕНИ

    „ЅВЕР ОД ИСТОКОТ“ ДОСЕГА УСМРТИ 41 ЛИЦЕ, ВО ШВАЈЦАРИЈА ИЗМЕРЕНИ -36 СТЕПЕНИСнегот ги покри дури и плажите во Ница (Фото: Гети)

    Низ Европа се затвораат училишта, откако ударот на сибирски студ, наречен „ѕвер од истокот“, продолжи да ги одржува температурите длабоко под нула степени.

    Студениот бран досега усмрти 41 лице, вклучувајќи 18 во Полска, шест во Чешка и пет во Литванија. Повеќето од починатите се бездомници и градовите низ Европа отвораат вонредни засолништа за да ги тргнат луѓето од улица.

    „Од студ може да се умре и преку ден“, кажа шефицата на Германската асоцијација на бездомници, Верена Розенке.

    Училиштата се затвораат во Косово, БиХ и во Албанија, како и во делови од Велика Британија, Италија и Португалија.

    Температурите ноќеска паднаа под -20 Целзиусови степени во поголемиот дел од Европа, а рекордот од -36 степени бил забележан во Глаталп, во швајцарски Алпи. Белгија и Швајцарија поминаа низ најстудената ноќ од почетокот на зимата.

    „Ѕверот од истокот“ предизвика и сообраќаен хаос, па шведските власти им сугерираа на своите жители да ги остават автомобилите дома. Дури и плажите на Ница и Корзика се покриени со снег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира