Илјадници навивачи се собрани на Плоштад Македонија да ја прослават победата на Вардар во ракометната Лига на шампиони. Се слави и со автомобили по улиците низ Скопје, откако „црвено-црните“ ја освоија првата титула европски шампион во историјата на машкиот клупски ракомет.
Вечерва, Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на фајнл форот во Келн со голот на Иван Чупиќ во последната секунда. Вчера, речиси на идентичен начин, Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона со 26:25 со голот на Лука Циндриќ во последните моменти од средбата.