ВОЈСКАТА ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО ЗИМБАБВЕ, ТВРДИ ДЕКА МУГАБЕ Е НА СИГУРНО

    ВОЈСКАТА ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО ЗИМБАБВЕ, ТВРДИ ДЕКА МУГАБЕ Е НА СИГУРНОПортпаролот на армијата изјави дека воената акција во Хараре не е државен удар (Фото: ТВ ЗБЦ)

    Долгогодишниот претседател Роберт Мугабе е на сигурно, а воената акција во главниот град Хараре не значи преземање на власта, изјави портпаролот на војската во телевизиско обраќање, откако се појавија информации за државен удар во Зимбабве.

    „Роберт Мугабе и неговото семејство се добро и на сигурно и нивната безбедност е загарантирана. Целта на воената акција се само криминалците околу него, кои предизвикаа голема социјална и економска штета во државата. Веднаш откако ќе ја завршиме нашата мисија, очекуваме ситуацијата да се врати во нормала“, кажа армискиот портпарол.

    Доцна вчера, се слушнаа експлозии и истрели од автоматско оружје во Хараре, истиот ден кога тенкови биле забележани како се движат кон градот.

    Информациите од Хараре кажуваат дека војската ја презела контролата врз државната телевизија ЗБЦ, која, место вести, емитувала само музички спотови. Роберт Мугабе (93) досега не ѝ се обратил на јавноста.

    „Ова не е воен пуч. Она што го прават одбранбените сили на Зимбабве е смирување на дегенеративната политичка, социјална и економска ситуација, што можеше да доведе до насилен конфликт. Нашата цел не е загрозување на човечки животи“, додаде портпаролот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари