Летот од Скопје за Истанбул на авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ во кој требаше да биде и претседателот Ѓорге Иванов е одложен од безбедносни причини поради заборавен телефон.
При чистењето од претходниот лет, во авионот бил пронајден заборавен телефон. Била повикана екипа на МВР од Управата за безбедност и контраразузнавање и Одделот за антитероризам, која утврдила дека е лажна тревога, по што капетанот решил да лета, но претседателот Иванов се премислил и се откажал од летот, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.
Според информациите на сајтот на скопскиот аеродром, авионот за Истанбул се уште не е полетан.