110.612 ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“ ЌЕ СТИГНАТ ДЕНЕСКА, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 100 ИЛЈАДИ

    110.612 ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“ ЌЕ СТИГНАТ ДЕНЕСКА, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 100 ИЛЈАДИВо државата вкупно се ревакцинирани 697.847 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во земјава денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини против ковид-19 од „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, а до крајот годината е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител, соопшти Министерството за здравство. Пристигнатите вакцини, кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

    Државната агенција МИА објави дека на вакциналниот пункт на скопскиот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, за две недели се вакцинирале 70 лица.

    Пунктот е сместен до влезот на Економскиот факултет. Во секој работен ден од 8 до 14 часот, покрај за студенти, отворен е и за сите со намера да се вакцинираат. Може да избираат меѓу „Фајзер“ и „Синовак“.

    На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани.

    Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

    Со последните бројки, 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

    Вакцинација има без закажан во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

    Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира