ДО ПЕТОК БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА ЗА ЖЕНИ ВО МЕНОПАУЗА

    ДО ПЕТОК БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА ЗА ЖЕНИ ВО МЕНОПАУЗАБесплатнните прегледи ќе траат до петок, до 20 часот. (Фото: СДК.МК)

    На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во тек е недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза, во чест на 18 октомври – Светскиот ден на менопаузата. Целта на овој ден, како што велат од ГАК, е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба.

    До петок, 21 октомври, од 14 до 20 часот, ќе прегледуваат: вторник (18.10) – доц. д-р Анета Сима, среда (19.10) – асс. д-р Димитар Калчовски, четврток (20.10) – асс. д-р Наташа Илиева
    и во петок (21.10) – асс. д-р Ева Созовска-Белчовска.

    „Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично“, велат од ГАК.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира