месечна Архива: декември 2016

НОВОГОДИШНИОТ ОГНОМЕТ ВО СИДНЕЈ ВО ЧЕСТ НА ПРИНС И ДЕЈВИД БОУВИ

По годината која во која умреа многу легендарни уметници, славниот сиднејски новогодишен огномет денеска беше во чест на дел од нив. Повеќе од милион луѓе беа присутни на пристаништето во најголемиот австралиски град за дочекот на 2017 година. Огнометот над пристаништето во Сиднеј годинава беше во чест на Принс и Дејвид Боуви и беше придружуван од музиката на двајцата...

УБИЈЦИТЕ ГО ИЗНЕЛЕ ВО ТЕПИХ ТЕЛОТО НА УБИЕНОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ПРЕД 10-ГОДИШНАТА ЌЕРКА

Бразилската полиција верува дека грчкиот амбасадор во земјата бил убиен од љубовникот на жена му по нејзина наредба во куќа во Рио и уапсени се тројца осомничени, соопштено е синоќа. Амбасадорот Кирјакос Амиридис беше исчезнат од понеделникот во Нова Игуасу, град северно од Рио де Жанеиро, каде амбасадорот бил на одмор. Двојката поголемиот дел од годната живеела во главниот град...

ВЛАДИНИОТ ПРОТОКОЛ НЕ ЈА ПОКАНИ ЈАНЕВА НА ПРВАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше единствениот носител од редот на највисоките државни функции која не беше присутна на вчерашната свечена седница за конституирање на новото Собрание. Јанева и СЈО лани ги изгласа токму Парлементот, по договор на лидерите на четирите најголеми партии. Од СЈО добивме потврда дека Јанева воопшто не добила покана од претседавачот со седницата Трајко Вељаноски. Да...

ПЕТ ЗАДАЧИ ОД ПРИБЕ ЗА МАНДАТАРОТ НА НОВАТА ВЛАДА

Една и пол година по објавувањето на извештајот на Прибе, т.н. Итни реформски приоритети препорачани од експертската група чекаат да бидат спроведени од новата влада. Реформите во петте клучни области според препораките на Прибе – следење на комуникациите, судството и обвинителството, надворешниот надзор од независни тела, изборите и медиумите изостанаа и тоа беше забележано во последните два извештаи на...

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЕМ ПРАТЕНИК, ЕМ ПРЕМИЕР

Премиерот Емил Димитриев од вчера е и пратеник, нарушувајќи го начелото на поделба на власта на законодавна и извршна, ситуација која може да потрае со оглед на тоа што формирањето на нова влада може да оддолжи. На конститутивната седница на Собранието, од членовите на владата избрани за пратеници единствено Димитриев седеше во првиот ред, заедно со другите почесни гости. Собранискиот...

ДО 9 ЈАНУАРИ ИВАНОВ МОРА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА

До 9 јануари претседателот Ѓорге Иванов треба да му го додели мандатот на кандидатот на партија или на партии коj ќе успее да собере 61 потпис дека има мнозинство да формира влада. По конституирањето на новото Собрание, односно верифицирањеto  на мандатите на сите 120 избрани пратеници, се исполни законскиот услов да почне да тече рокот за формирање влада. Претседателот на државата...

ЖЕНАТА И НЕЈЗИНИОТ 29-ГОДИШЕН ЉУБОВНИК ГО УБИЛЕ ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ

Истражителите од Рио де Жанеиро се сомневаат дека грчкиот амбасадор во Бразил бил убиен по нарачка на неговата сопруга и 29-годишен полицаец со кој таа имала афера, објави телевизијата „Глобо“, повикувајќи се на полициски извори. Полицијата потврди дека телото пронајдено во изгорен автомобил е на амбасадорот Кирјакос Амиридис (59), кој исчезна пред три дена, кога од Бразилија тргнал да ги...

ТЕЛЕШКИ БИФТЕК

1 Кога го слушам лидерот на ДУИ Али Ахмети како раскажува приказни дека во новата Влада ќе влезат само ако бидат задоволени потребите на Албанците, веднаш ми текнува на потребата на оној негов министер за екстерно тестирање Абдилаќим Адеми да се прехрани со телешки бифтек од 100 евра. Во исто време додека средношколците и нивните родители спиеја во шатори...

ДОКУМЕНТОТ ОД ТИРАНА НЕ Е УСЛОВ ЗА ВЛАДА, ВЕЛИ АХМЕТИ

Политичките партии на Албанците во Македонија ќе изготват документ во кој ќе бидат содржани барањатa кои се од интерес на Албанците во Македонија, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот брифинг пред започнувањето на конститутивната седница на новото Собрание. Ахмети рече дека документот не ги содржи условите за разговори за формирање на нова влада, туку дека тоа се реални...

КОНСТИТУИРАН ДЕВЕТТИОТ СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО

Со верификација на мандатот на 120- те пратеници, се конституира новото Собрание на Република Македонија. Од 115 присутни, за верификацијата гласаа 110 пратеници во собраниската сала. Не гласаа петтемина пратеници од БЕСА, бидејќи претходно побараа Собранието да не го верификува мандатот на Јохан Тарчуловски од ВМРО ДПМНЕ оти е осуден од Хашкиот суд за воени злосторства. Кога дојде на ред точката за избор...