ЏИНОВСКИ РАК УЛОВЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЏИНОВСКИ РАК УЛОВЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    Во езерските води кај каналот Студенчишта кај Охрид, охриѓанецот Тане Србиновски улови џиновски рак. Долг е околу триесет сантиметри, а заедно со пипалките близу половина метар. Рибарите велат дека волку голем примерок досега не е уловен во Охридското Езеро.

    rak500p „Овие денови одам на риболов, особено откако временските прилики се подобрија. Температурите се покачија и најчесто ловам кај каналот на Билјанини Извори. Во еден момент, како нешто да ме натера од внатре, здогледав еден камен во водата и го кренав. Имав што да видам, најголем рак што досега сум видел. Не се обиде да побегне, бидејќи тие знаат многу бргу да испливаат од живеалиштата. Брзи се, иако пливаат само со задниот дел на телото”, раскажува Србиновски.

    Како искусен риболовец, тој успеал да го притисне на средината од телото, бидејќи пипалките на ваков рак се како остри канџи и можат да ја повредат раката.

    „Сите риболовци што беа со мене беа воодушевени од димензиите на ракот. Сите тврдеа дека таков рак досега не виделе, а и овој вид слатководен рак долго го немаше во езерото. Ова е доказ дека водата е чиста, бидејќи тој живее само во чисти води”, вели Србиновски и додава дека ракот повторно го вратил во водите на Студенчишкиот канал.

    Проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид вели дека за овој вид рак максималната должина е 30 см и уловениот е навистина џиновски.

    „Досега во Охридското Езеро се уловени ракови со максимална должина од 20-на см, а ако се каже дека е уловен рак од скоро пола метар тоа би изгледало како крап. Нема податоци дали уловениот е најголем досега, но станува збор за автохтон вид, а не ендемичен. Тоа значи дека го има во реки и езера во јужниот дел на Балканот, оти ендемичниот вид живее во еден екосистем над 200 години“, вели проф. д-р Талевски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира