ЗАМРЗНА ХРАНАТА ВО ЗАГЛАВЕНИТЕ КАМИОНИ НА ТАБАНОВЦЕ, ШТЕТА НАД 10.000 ЕВРА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАМРЗНА ХРАНАТА ВО ЗАГЛАВЕНИТЕ КАМИОНИ НА ТАБАНОВЦЕ, ШТЕТА НАД 10.000 ЕВРА

    Повеќе од 10.000 евра штета претрпеа дел од сопствениците на камиони што беа заглавени на царинскиот терминал Табановце, поради нерасчистениот снег. Еден од увозниците на овошје и зеленчук за кванташкиот пазар во Скопје, кажува дека стоката што била во камионот е целосно измрзната и мора да ја фрли.

    „Ние што увезуваме прехрамбени производи, пред сѐ овошје и зеленчук, имаме најголема загуба бидејќи од ниските температури сѐ е смрзнато. Штета немаат само оние што превезуваа метални производи. Конкретно, кај мене штетата е над 10.000 евра. Излезе на терен комисија од инспектори и сликаа за да ја утврдат фактичката состојба. Ние оваа стока мора да ја оправдаме бидејќи е увозна и мора да платиме данок. Не верувам дека ќе добиеме оштета од државата“, вели еден од сопствениците.

    Над 50 камиони останаа на терминалот на граничниот премин Табановце речиси три дена поради нерасчистениот снег. Тогаш бизнисмените се жалеа дека побарале сами да ангажираат механизација, бидејќи стоката во камионите ќе замрзне но не им било дозволено. Во саботата попладне, откако веста за бликираните камиони беше објавена на САКАМДАКАЖАМ.МК, терминалот бил исчистен, но за осетливите прозводи било доцна.

    Од Царина денеска беа недостапни за коментар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира