БЕЈЛИ ГИ ПОВИКА ПАРТИИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СОБРАНИЕТО И СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"Куманово(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЈЛИ ГИ ПОВИКА ПАРТИИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СОБРАНИЕТО И СЈО

    Американскиот амбасадор Џес Бејли ги повика политичките партии и институциите да ги остранат сите пречки за работа на Специјалното јавно обвинителство и да обезбедат нормално работење на Парламентот.

    При денешната посета на туристичкиот локалитет Кокино, каде што со помош на УСАИД и Швајцарската влада беа поставени туристички знаци и патокази, Бејли изјави: „Како што подолго време укажуваме, ги повикуваме сите партии и институциите да работат за отстранување на сите пречки за дејствување на Специјалното јавно обвинителство за да може да се утврди одговорност за прислушувањето и за содржината разговорите што произлегоа од него“.

    Во врска со одлуката на СДСМ привремено да ги замрзне активностите во Собранието, Бејли изјави: „Многу е важно политичките партии да обзебедат нормално работење на Парламентот и како што ЕУ вчера истакна, да покажат одговорност за спроведување на Пржинскиот договор и за движење на Македонија кон ЕУ и НАТО“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари