БРИТАНСКИ ПОЖАРНИКАРИ СО ДОНАЦИИ 10 ГОДИНИ ГИ УЧАТ МАКЕДОНСКИТЕ КАКО СЕ ГАСАТ ПОЖАРИ

    БРИТАНСКИ ПОЖАРНИКАРИ СО ДОНАЦИИ 10 ГОДИНИ ГИ УЧАТ МАКЕДОНСКИТЕ КАКО СЕ ГАСАТ ПОЖАРИБританската противпожарна асоцијација „Операција Флориjан“ досега донирала 20 целосно опремени противпожарни возила, додатна опрема со апарати за дишење кои овозможуваат пожарникарите да работат во чад и отрови, специјална противпожарна облека и специјална хидраулична спасувачка опрема за подобрување на спасувачките интервенции во сообраќајки. (Фото: СДК.МК)

    Британската противпожарна асоцијација „Операција Флориjан“  годинава бележи јубилејна една деценија работа во Македонија. Пожарникари доброволци од „Операција Флориjан“ десет години ги обучуваат македонските пожарникари за гасење пожари, а имаат и значителен придонес во опремувањето на противпожарни бригади во многу општини во Македонија.

    „Од 2007, работејќи во партнерство со општините и тимови од националната агенција ’Операција Флоријан’, поддржани од Британската противпожарна и спасувачка служба, придонесовме за значително подобрување на противпожарните  и спасувачки капацитети во целата земја. Обезбедивме 20 целосно опремени противпожарни возила,  додатна опрема со апарати за дишење кои овозможуваат пожарникарите да работат во чад и отрови, специјална противпожарна облека и специјална хидраулична спасувачка опрема за подобрување на спасувачките интервенции во сообраќајки“, вели Стив Џордан, координатор на „Операцијата Флориjан“ во Македонија.

    Бидејќи оцениле дека само обезбедувањето на опремата не е доволно, волонтери од „Операција Флориjан“ изминатиов период обучиле вкупно 250 пожарникари за гасење пожари во урбани средини, за спасување во сообраќајки, спасување давеници и потрага и спасување во урбана средина (Фото: СДК.МК)

    Бидејќи оцениле дека само обезбедувањето на опремата не е доволно, волонтери од „Операција Флориjан“ изминатиов период обучиле вкупно 250 пожарникари за гасење пожари во урбани средини, за спасување во сообраќајки, спасување давеници и потрага и спасување во урбана средина (Фото: СДК.МК)

    Бидејќи оцениле дека само обезбедувањето на опремата не е доволно, волонтери од „Операција Флориjан“ изминатиов период обучиле вкупно 250 пожарникари за гасење пожари во урбани средини, за спасување во сообраќајки, спасување давеници и потрага и спасување во урбана средина. Од „Операција Флоријан“ велат дека тренинзите и опремувањето не придонеле  само за зголемен  број спасени животи туку драматично ја зголемиле и безбедноста на пожарникарите. За да можат македонските пожарникари да продолжат со тренинзите и развојот, британските пожарникари обучиле и специјални инструктори за апарати за дишење, за гасење пожари во урбани средини и за вештини во спасување во сообраќајки. Овие инструктори, велат од „Оперција Флориjан“, веќе успешно ги обучуваат своите колеги.

    Значаен дел од активноста на „Операција Флориjан“ во Македонија е партнерството со Макдонскиот Црвен крст во Охрид.  Следејќи ја трагичната смрт на 15 бугарски туристи кои се удавија кога бродот „Илинден“ потона во Охридското езеро на 5 септември, 2009,  „Операција Флориjан“ донирала два спасувачки бродови и обучила волонтери на Црвен крст за спасување на вода и за работа со спасувачките бродови.

    „Операција Флоријан“  ќе продолжи да работи во Македонија.

    „Сега работиме со нови партнери, со полицијата и Брзата помош за подобрување на координацијата, командата и контролата на овие служби во инциденти. Ова е базирано на лекција научена од итните служби во Британија, следејќи голем број сериозни инциденти. Овие лекции, заедно со начините да се избегнат, сега ги споделуваме со нашите колеги од Македонија. Ова е базирано на нов пристап во Британија познат како Заеднична оперативна програма на итните служби“, вели координаторот Џордан.

    Тој смета дека откако „Операција Флоријан“ почнала да работи во Македонија, пред 10 години, повеќе животи се спасени, пожарникарите се побезбедни и намалени се штетите предизвикани од пожари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира