ДИМЕ СПАСОВ НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА И ПОБЕГНАЛ, ПОЛИЦИЈАТА ГИ ИСПИТУВА НАВОДИТЕ НА ОЧЕВИДЦИТЕ

12027

Ноќта помеѓу петокот и сабота околу полноќ, возач на џип, што според првите наоди бил сопственост на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила во скопската населба Тафталиџе во близина на Катастарот, потврди полицијата.

Порталот Либертас, повикувајќи се на полициски извори објави дека џипот го возел долнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој по несреќата побегнал од местото на настанот. На местото на несреќата останала сопатничка во џипот.

Веста за несреќата брзо се прошири по социјалните мрежи.

Полицијата ги проверува исказите на очевидците и за денеска најави повеќе информации.

http://www.libertas.mk/dime-spasov-vecherva-predizvikal-soobrakajka-i-izbegal/