ЕУ: ПОНИШТУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА МОРА ДА ИМА ЗА СИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Брисел,(МЕТА)

    ЕУ: ПОНИШТУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА МОРА ДА ИМА ЗА СИТЕ

    Брисел одблизу ја следи ситуацијата во земјава и повторуваме дека е потребно да се повлече аболицијата за сите лица, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич на прашање на агенцијата Мета, како ја коментираат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за парцијално повлекување на аболицијата.

    „Ние постојано ја повторувавме позицијата на ЕУ за тоа што треба да се направи и таа е многу јасна: Сите помилувања од претседателот мора неодложно да се отповикаат за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман пред законот, за да се отстрани загриженоста за незаконитоста и за да се избегне селективната правда“, рече Коцијанчич.

    Денеска, претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари