ИВАНОВ МУ ПОРАЧА НА ХАН ДА СЕ СРЕТНЕ СО БЕТМЕН И ДАМОВСКИ, УШТЕ Е ВО УНГАРИЈА

    ИВАНОВ МУ ПОРАЧА НА ХАН ДА СЕ СРЕТНЕ СО БЕТМЕН И ДАМОВСКИ, УШТЕ Е ВО УНГАРИЈА

    Претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, бидејќи сè уште е на работна посета во Унгарија.
    Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов дури доцна вечерва ќе се врати во Македонија и тој уште во петокот го информирал амбасадорот Самуел Жбогар дека не планира да се сретне со бриселската четворка бидејќи неговите ставови во однос на доделувањето на мандатот остануваат непроменети.

    „Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана. Со оглед на тоа што претседателот нема да има средба со еврокомесарот Хан, претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и со причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена“, велат од кабинетот на Иванов.

    Претставници од иницијативата „За заедничка Македонија“ побараа средба со еврокомесарот Хан порачувајќи му дека „не треба и не може да игнорира 200.000 граѓани кои секојдневно протестираат“.
    Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ изјави дека комесарот Хан ќе се сретне со политичките претставници. „Точно е дека имаше барање за средби и со други. Честопати кога патува во одредени земји, се обидуваме да се сретне со многу повеќе локални претставници, како што се тие од граѓанските организации, но комесарот овојпат само ќе се види со политичките претставници, бидејќи агендата не дозволува повеќе“, изјави Коцијанчиќ.

    На пат кон Скопје, еден од соработниците на еврокомесарот Хан, твитна фотографија од авион и напиша: „На пат кон Скопје, Јоханес Хан, Едвард Кукан, Кнут Фленкенштајн и Иво Вајгел, со порака да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство. Не подгревајте меѓуетнички тензии“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира