ПАК ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА „ПОТКУП“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ПАК ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА „ПОТКУП“

    Рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, денеска беше повторно одложено, јави агенцијата „Мета“.

    Во судницата се појави Заев, но не беа присутни тројцата негови адвокати. Двајца од нив, Филип Медарски и Јаким Наумов, преку свои ополномоштени претставници известија дека поради нивната влошена здравствена состојба не можеле да дојдат на денешното рочиште, додека Ване Андреев тргнал кон Скопје, но имал дефект на возилото кај Радовиш.

    За следното рочиште, судијката Дијана Груевска-Илиевска одреди два датуми, 2 и 20 декември. Судијката првично го закажа следното рочиште за 2 декември, но Заев, поради изборната кампања, побара тоа да биде одложено.

    „Имајќи предвид дека сум политичар и дека сме во изборна кампања, ако судот има разбирање, дали може судскиот процес да се одложи за 12 декември или за кој било ден по тоа. Јас не сум само во Скопје за време на изборната кампања, туку низ целата земја“, рече Заев.

    Судијката Груевска-Илиевска на ова одговори дека премногу долго се одложува рочиштето и оти изборната кампања не треба да влијае на работата на судот. Ова беше четврто одложување на првото рочиште за случајот „Поткуп“.

    Лидерот на СДСМ, по завршувањето на рочиштето не сакаше да даде изјава за медиумите.

    „Премногу сме присутни во медиумите“, рече кратко Заев на заминување.

    Изјава не сакаше да даде ниту сведокот во случајот, бизнисменот Иван Николов, кој беше присутен на денешното рочиште.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира