ПРЕД СЈО ПОГОЛЕМ БРОЈ ДЕМОНСТРАНТИ – ПЛАКАТ ВО СПОМЕН НА МАРТИН

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕД СЈО ПОГОЛЕМ БРОЈ ДЕМОНСТРАНТИ – ПЛАКАТ ВО СПОМЕН НА МАРТИН

    Во поголем број од вообичаено, вечерва се собираат демонстранти пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Поворката тргна со транспарент „Ова е крајот – заради Мартин“.
    Денеска се навршуваат пет години од смртта на Мартин Нешовски за која од прислушуваните разговори се дозна дека власта сакала да ја скрие.
    Движењето Шарена револуција најави дека од денеска ја менува стратегијата за отпор против власта. Неофицијално, вечерва на власта ќе и биде даден рок до кога ќе мора да бидат исполнети барањата на демонстрантите.
    Непосредно пред почетокот на денешниот протест претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека ја повлекува аболицијата и за преостаните од списокот на 56 помилувани.
    Во меѓувреме расте револтот поради кривичните пријави што полицијата ги поднесе против 26 демонстранти од Битола и 7 демонстранти од Скопје. Обвинети се дека уништувале туѓи предмети, односно културно наследство затоа што фрлале со боја врз зградата на општина Битола, Порта Македонија и Министерството за култура во скопско Дебар Маало.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари