РАСТЕ БРОЈОТ НА БАРАЊА ЗА ПРОВЕРКА НА ПРИСЛУШУВАНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ, ВЕЛАТ ОД СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАСТЕ БРОЈОТ НА БАРАЊА ЗА ПРОВЕРКА НА ПРИСЛУШУВАНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ, ВЕЛАТ ОД СЈО

    81 граѓанин досега поднел барање до Специјалното јавно обвинителство за проверка дали нивните комуникации биле незаконски следени, соопшти СЈО. Барањата се однесуваат вкупно 245 телефонски броеви, велат од СЈО.

    „Секојдневно расте бројот на барања кои граѓаните ги упатуваат до ова Јавно обвинителство, а се однесуваат на незаконски следени телефонски броеви. До денес пристигнати се вкупно 81 барање со кои граѓаните се интересираат дали нивните телефонски броеви биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Барањата се однесуваат за вкупно 245 телефонски број“, се вели во соопштението на СЈО.

    Од СЈО информираат дека секое заинтересирано лице може да упати писмено барање до ова Јавно обвинителство во кое ќе го наведе телефонскиот број или телефонските броеви за кои се сомнева дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите.

    „Лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви кои биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број ќе бидат повикани во својство на оштетени лица“, додаваат од СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира