ВНУКОТ НА ЛУСТРАТОРОТ АЏИЕВ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ТАЛЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВНУКОТ НА ЛУСТРАТОРОТ АЏИЕВ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ТАЛЕВСКИ

    Игор Хаџиевски, внук на лустраторот Томе Аџиев, се споменува како едно од можните кадровски решенија што ќе го замени битолскиот градоначалник Владимир Талески додека е во куќен притвор. Од Општинскиот Комитет на ВМРО –ДПМНЕ  и Советот на општина Битола официјално велат дека ваквите информации не се точни, но партиски извори откриваат дека веќе имало координација меѓу советниците кој да го замени Талески.

    Претседателката на Советот Силвана Ангелевска вели дека тие во ВМРО-ДПМНЕ не се шпанска инквизиција за да носат брзи решенија, туку ќе ја почекааат одлуката на Апелацискиот суд по жалбата на Талески.

    „Според законот за локлна самоуправа ваквата ситуација не е децидно опишана како треба да се реагира. Има одредени членови во законот  кои предвидуваат што значи прекин на функцијата градоначалник, а има и членови кои објаснуваат што значи отсуство на градоначалникот. Ние не можеме да бидеме шпанска инквизиција, да судиме и пресудуваме, оти си има закон. Одрена инстанца донесла одлука, има право на жалба, да почекаме да видиме како ќе се изјасни Апелацискиот суд, па потоа ќе размилуваме за други опции“, рече Ангелевска.

    Дознаваме дека функцијата заменик градоначалник му била прво понудена на Златко Милошевски, поранешен градоначалник на Битола, но тој ја одбил оваа партиска чест. По ова дилемата останува меѓу Хаџиевски, кој е координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот Совет и Благој Шаклевски, долгогодишен новинар, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и актуелен советник. Партиски извори велат дека можно е Шаклевски да го претрка Хаџиевски, зашто е близок човек на пратеникот од Битола, Зоран Илиоски.

    Додека Талески беше на слобода немаше назначено заменик градоначалник. Во Законот за локална самоуправа пак, не е предвидено што треба да се прави ако првиот човек на општината биде притворен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари