ВОДЕН ТОП СЕ УПАТИ КОН ВЛАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОДЕН ТОП СЕ УПАТИ КОН ВЛАДАТА

    Воден топ се движи кон зградата на Владата каде што вечерва тргнаа демонстрантите што протестираат против аболицијата. Тие пред тоа беа растерани од полицијата во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и тргнаа кон зградата на Владата, јавуваат репортерите на СДК.МК.

    Пред тоа тие се судрија со полицијата во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.о извици „Браните убијци!“ дел од протестантите фрлаа со камења кон полицајците.

    аматерска фотографија

    аматерска фотографија

    Протестот почна мирно пред Собранието, но потоа дојдоа студентите кои во знак на протест за нивните приведени колеги ја поведоа масата кон плоштадот ВМРО. Некој запали слика на Никола Груевски и така почна еуфоријата.

    Во исто време трае и контрапротестот на приврзаниците на власта, кои пристигнаа со автобуси од различни делови на Македонија во близина на зградата на Црвениот крст и се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тие извикуваат „ВМРО!“

    Атмосферата е тензична.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари