ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДОЗВОЛИ ЏИПОВИ ДА ДИВЕАТ НИЗ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДОЗВОЛИ ЏИПОВИ ДА ДИВЕАТ НИЗ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА

    Голема прашина крена офроуд турата  со џипови која кон крајот на минатиот месец возеше низ Галичица и Плаќенска планина.  Активистите од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, во писмена реакција до јавноста, турата на 25 и 26 јуни ја нарекоа дводневно незаконско дивеење низ националниот парк кој е заштитен со закон и има статус на биосферен резерват од УНЕСКО.

    На Интернет каналот Јутјуб објавен е видеоклип од „Офроуд Охрид 2016“, на кој се снимени десетици џипови од цела Македпонија, гости од Полска, Турција, Бугарија, Србија и Албанија.  Снимени се како се возат низ паланински патеки, асфалтирани патишта, шлајфуваат со гумите во место, прават скари во природа. Водителката снимена на клипот најавува дека турата се движела во Плаќе и Галичица, поточно од Охрид преку селата Лескоец, Косел,Расино,  Куратица, Свињишта, Завој, Петрино, месноста Асан Џура на Галичица,па сѐ до Љубаништа.

    Снимен е и  градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски, како вели дека му замерувале што локалната самоуправа недоволно го поддржувала настанот, па најавува уште еден во текот на летово.

    Карта од паркот на која ја исцртана рутата од офроуд турата за која од здржението СОС Охрид посочуваат дека поминува низ зони за активно управување (зелена боја), па и низ строго заштитени (црвена боја)

    Карта од паркот на која ја исцртана рутата од офроуд турата за која од здржението СОС Охрид посочуваат дека поминува низ зони за активно управување (зелена боја), па и низ строго заштитени (црвена боја)

    „Дивеењето беше низ зони за активно управување во кои  се дозволени исклучиво активности од економски карактер кои немаат негативно влијание врз примарната цел на заштита, како што се екотуризмот и екстензивното земјоделство. Ова значи дека активностите биле противзаконски и треба да бидат соодветно санкционирани. Ние сме згрозени од примитивизмот кој под покровителство на Општина Охрид се славел на настанот со безмилосно уништување на природата. Ваквиот начин на злоупотреба на Националниот парк е противзаконски и спротивен на сите начела за одржлив развој и одговорен туризам“, реагира  „Охрид СОС“ во писмото.

    Нивни активисти изработија и карта од паркот на која ја исцртана рутата од офроуд турата за која посочуваат дека поминува низ зони за активно управување (зелена боја), па и низ строго заштитени (црвена боја). Предупредуваат  дека ваквите авантури штетно влијаат врз природата.

    „Употребата на офроуд возила во близина на потоци, реки и езера создава сериозна закана од загадување на водите, пред сè поради можноста за хаварии и изливи на бензин и нафта во почвата и нивно инфилтрирање преку подземните води. Почвата може да претрпи сериозни последици со механичкото нарушување. Макрофлората (тревеста вегетација) како и микрофлората (лишаи, габи и терестични алги) се под директна закана од физичкото влијание на тркалата на возилата“, вели „Охрид СОС“.

    Понатаму, се вели дека постојат бројни истражувања кои укажуваат на фактот оти фауната, поточно птиците, влечугите и големите копитари доживуваат стрес кој се манифестира со нарушено срцебиење, метаболичка функција, миграција, репродуктивен неуспех, па сè до морталитет. Возилата воведуваат алохтони видови, закана за автохтоната вегетација.

    of roud galicica 1

    Организаторите на турата , клубот „Офроуд Охрид“ негираат дека нанеле било каква штета на Галичица. Велат дека турата и снимените материјали, скарата, возењето биле на Плаќенска планина кај Куратица. Само мал дел од учесниците кои сакале да го видат езерото минале низ Галичица и се искачиле до месноста Асан Џура, но низ патеки кои се дозволени за туристите. Од клубот не гледаат со што би можеле да го загадат националниот парк. Додаваат дека навремено ја известиле и управата од паркот и шумската полиција, па ако нешто било спорно ќе ги попречеле во одржувањето.

    Директорот на националниот парк „Галичица“ Зоран Вељановски во телефонски разговор ни изјави дека не дозволиле и нема да дадат дозвола низ земјените патеки на паркот да се движат џипови и други возила.

    Се обративме и до Службата за односи со јавност во општина Охрид, но од градоначалникот Бакрачески не добивме коментар за настанот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари