ТРКА НА СКИЈАЧКИ ЛЕГЕНДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ ЗА 50-ГОДИШНИНАТА ОД СВЕТСКИОТ КУП

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Загреб,(разниизвори)

    ТРКА НА СКИЈАЧКИ ЛЕГЕНДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ ЗА 50-ГОДИШНИНАТА ОД СВЕТСКИОТ КУП

    По повод 50-годишнината од постоењето на ФИС Светскиот скијачки куп, во самиот центар на Загреб синоќа беше одржана ревијална трка со 18 поранешни победници во Светскиот куп. Околу 50 камиони работеа претходната ноќ да донесат 900 кубици снег и да ја претворат улицата Тома Бакач, која поминува покрај познатата загрепска катедрала до фонтаната Мандушевац на плоштадот Бан Јелачиќ, во скијачка патека.

    zagreb-ski-trka-2

    900 кубици снег беа донесени да ја претворат улицата Бакачева во скијачка патека. (Фото: Инстаграм)

    На нешто помалку од 200 метри долгата патека, покрај која имаше неколку илјади гледачи, прв од 18-те легенди тргна Хрватот Ивица Костелиќ, а неговата сестра Јаница скијаше како последна. Покрај нив двајца, на импровизираната патека во центарот на Загреб скијаа уште Алберто Томба, Тина Мазе, Марк Џирардели, Пернила Виберг и Марсел Хиршер, меѓу другите. Иако трката беше ревијална, се мереше времето на скијачите, па првото место го освои Ренате Гечл.

    zagreb-ski-trka-3

    Целта беше кај фонтаната Мандушевац на плоштадот Бан Јелачиќ. (Фото: Инстаграм)

    „Не ни мислев дека ова е можно. Татко ми зборувапе за ова, дека е можно да дојдеш до плоштадот Бан Јелачиќ од планината Слјеме. Многу сум среќен што сум дел од ова“, кажа Ивица Костелиќ по трката.

    Ревијалната трка беше и увертира на денешниот слалом на Слјеме.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари