ВЕЛОСИПЕДИСТОТ МАРК БОМОНТ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ ЗА РЕКОРДНИ 80 ДЕНА

    ВЕЛОСИПЕДИСТОТ МАРК БОМОНТ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ ЗА РЕКОРДНИ 80 ДЕНАШкотскиот авантурист Бомонт ќе го почне патувањето од Париз на 2 јули.

    Ѕвездата на велосипедизмот Марк Бомонт, најпознат по обиколувањето на светот за 194 дена во 2008 година, ќе се обиде да го надмине својот праг на издржливост, овој пат за помалку од половина од претходното времетраење.

    Бомонт ќе се обиде да помине 29.000 километри низ светот, почнувајќи од Париз на 2 јули. Како загревање за Светскиот натпревар во велосипедизам Артемис, прво ќе патува околу британското крајбрежје, тргнувајќи на 4 април, поминувајќи 5.600 километри, на трката „80 дена“, возејќи 16 часа и 386 километри на ден.

    Како дел од неговата мисија за да патува низ светот за 80 дена, кршејќи го актуелниот рекорд на 123 дена, поставен од Ендрју Николсон, шкотскиот авентурист Бомонт ќе собира средства за организација која им помага на заедниците низ светот во областа на иновативната архитектура и градежништво.

    Патувањето исто така ќе биде проследено од стана на Твинкл, глобална едукативна платформа за основните училишта.

    Рутата што е предвидено да ја помине Бомонт е долга 29.000 километри.

    „Ова е кулминацијата на последните две децении, уште откако имав 12 години и возев велосипед низ Шкотска“, вели Бомонт. „Би сакал многу ова патување да им даде на луѓето самодоверба за да го следат тоа што можат да го реализираат, за особено младите да застанат и да размислат за моите „80 дена“.

    „Сакам да ги редифинирам границите на човечката издржливост докажувајќи дека тоа што личи на невозможно е возможно. По потонувањето во атлантското море, се откажав од атлетиката за неколку години и си уживав на правењето документарци за другите атлетичари – додека во суштина јас имав недовршена работа и не можев да гледам како другите постојано ги туркаат нивните граници. Возбуден сум и истовремено имам трема за тоа што ми следи во животот, навистина е непозната територија“, вели Бомонт.

    За време на патувањето околу крајбрежјето на Британија, Бомонт се очекува да испие од осум до десет литри вода на ден (просечниот човек пие два литри) и да внесува 8.000 калории.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира