ШВЕДСКА ЈА ПРЕКИНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ АСАНЖ ЗА СИЛУВАЊЕ

    ШВЕДСКА ЈА ПРЕКИНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ АСАНЖ ЗА СИЛУВАЊЕОсновачот на Викиликс од 2012 година живее во еквадорската амбасада во Лондн. (Фото: АП)

    Шведското обвинителство се откажа од истрагата за силување во која осомничен беше основачот на Викиликс Џулијан Асанж, седум години по отворање на случајот.

    „Јавната обвинителка Мариен Ну денеска реши да ја прекине предистражната постапка во врска со наводно силување против Џулијан Асанж“, соопшти канцеларијата на обвинителството.

    Асанж (45) живее во еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година, откако се скри таму за да избегне екстрадиција во Шведска за обвинувањата за силување, кои тој ги негира.

    Тој одби да отпатува за Стокхолм, велејќи дека се плаши од понатамошна екстрадиција во САД поради објавувањето на 500.000 тајни воени податоци за војните во Авганистан и Ирак од страна на Викиликс.

    Коментари