НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ, УМИРАМ – ВИЕТНАМСКО СЕМЕЈСТВО СТРАВУВА ДЕКА НИВНА ЌЕРКА БИЛА ВО КАМИОНОТ ВО КОЈ ПОЧИНАА 39 ЛУЃЕ

    НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ, УМИРАМ – ВИЕТНАМСКО СЕМЕЈСТВО СТРАВУВА ДЕКА НИВНА ЌЕРКА БИЛА ВО КАМИОНОТ ВО КОЈ ПОЧИНАА 39 ЛУЃЕФам Ти Тра Мај тргнала за Британија на 3 октомври и ја испратила последната порака два часа пред ладилникот да пристигне во Англија

    Најмалку шест од 39-те луѓе кои беа пронајдени мртви во камион во Англија можеби биле Виетнамци, иако во прв момент беше објавено дека станува збор за Кинези.

    Шест виетнамски семејства стравуваат дека нивни роднини се меѓу жртвите. Меѓу нив е и 26-годишната Фам Ти Тра Мај, за која никој нема слушнато откако во вторникот испратила СМС-порака, во која напишала дека не може да дише.

    Освен возачот на камионот, 25-годишниот Мо Робинсон од Северна Ирска, полицијата привела уште две лица осомничени за убиство и трговија со луѓе.

    Братот на Тра Мај изјави дека таа платила 30.000 фунти на шверцери и дека нејзината последна позната локација е Белгија. Полицијата утврди дека контејнерот-ладилник во кој биле жртвите бил довезен во Англија од Белгија, по што го собрал камион од Северна Ирска.

    Тра Мај ја испратила последната порака во вторникот, два часа пред ладилникот да пристигне на терминалот во Парфлит.

    „Мојата сестра исчезна на 23 октомври на патот од Виетнам кон Велика Британија. Загрижени сме дека можеби била во контејнерот“, изјави Фам Нгок Туан за Би-Би-Си, споделувајќи ја пораката на Тра Мај, во која таа вели дека не може да дише и дека умира.

    Туан вели дека таа тргнала за Британија на 3 октомври и преку Кина дошла во Франција. Првично требала да влезе во Британија на 19 октомври, но за малку не била фатена, па се вратила.

    Би-Би-Си има сознанија дека меѓу исчезнатите се и 26-годишен маж и 19-годишна жена од Виетнам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира