Европската Унија се согласи да го одложи брегзит до 31 јануари, објави претседателот на Европската комисија Доналд Туск.
Тој додаде дека одложувањето е флексибилно, односно Велика Британија и порано ќе може да излезе од ЕУ доколку британскиот парламент го усвои договорот на Борис Џонсон.
Британските пратеници денеска гласаат и за предлогот на Џонсон за предвремени избори. Тој како датум го предложи 12 декември, додека опозицијата сака тие да се одржат три дена порано.
Велика Британија требаше да излезе од ЕУ овој четврток, но Џонсон беше принуден да прифати ново одложување бидејќи пратениците одолговлекуваа со изгласувањето на неговиот договор.