Градот Скопје потврди дека оградата поставена вчера во паркот „Жена Борец“ е за партерно уредување на паркот, кој е под негова надлежност и дека не се работи за никаква интервенција на фасадата на ГТЦ.
Утрово од страна на град Скопје е доставена официјална информација и потврда за работата која од синоќа е започната во паркот, откако вчеравечер, по реакциите на дел од граѓаните, општина Центар направи инспекциска контрола на градежните активности во паркот „Жена борец“. Од општината велат дека и натаму ќе ги следат градежните активности во паркот и благовремено ќе реагираат доколку се започне со било какви сомнителни градежни активности.
Синоќа, поставувањето на оградата и информацијата дека од општина Центар немаат информација кој го оградил Трговскиот центар предизвика сомнеж дека Владата, и покрај масовните јавни протести, ќе почне со преслекувањето во барок и на овој култен архитектонски објект и едно од обележјата на главниот град.
ОД ГРАД СКОПЈЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА ОГРАДАТА ОКОЛУ ГТЦ НЕ Е ЗА БАРОК, ТУКУ ЗА ПАРК
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)