ТРОТИНЕТИТЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ДВИЖАТ ПО УЛИЦА, НАВЕЧЕР ВОЗАЧИТЕ ТРЕБА ДА НОСАТ ФЛУРОСЦЕНТНИ ЕЛЕЦИ, КАЗНИ ОД 50 ДО 120 ЕВРА

    ТРОТИНЕТИТЕ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ДВИЖАТ ПО УЛИЦА, НАВЕЧЕР ВОЗАЧИТЕ ТРЕБА ДА НОСАТ ФЛУРОСЦЕНТНИ ЕЛЕЦИ, КАЗНИ ОД 50 ДО 120 ЕВРАМаксималната дозволена брзина за движење по велосипедска патека е 25 километри на час, додека на тротоар само 6 километри на час. - возач на тротинет на Широк сокак во Битола - (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните кои користат електрични тротинети нема да смеат да се движат по улици и булевари, туку само по велосипедски патеки. Онаму пак каде што нема велосипедски патеки дозволено е возење по тротоар. Ова се предвидува со измените на Законот за безбедност во сообраќајот кои вчера поминаа на владина седница.

    Максималната дозволена брзина за движење по велосипедска патека е 25 километри на час, додека на тротоар само 6 километри на час. За поголема безбедност, граѓаните кои управуваат тротинет треба навечер да носат зелени флурорцентни елеци, за да можат да бидат видливи за пешаците и учесноците во сообраќајот. Со измените на законот е предвидена и возраста на која може да се управува тротинет, односно лица под 14 години не смеат да возат електрични тротинети.

    „Последнава година се’ повеќе граѓани ги користат тротинетите како превозно средство и заради поголема безбедност со измените на законот предвидени се одредби и за тротинетите”, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Казната ако не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се вози со поголема брзина од дозволената 120 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира