АКО САКАТЕ РАЗРЕШЕТЕ МЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА, АМА ПАУЗА НЕ ВИ ДАВАМ, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ГРУБИ

    АКО САКАТЕ РАЗРЕШЕТЕ МЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА, АМА ПАУЗА НЕ ВИ ДАВАМ, МУ РЕЧЕ МИЛОШОСКИ НА ГРУБИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница на Комисијата за надворешни работи (Фото: К. Попов)

    Ако сакате поведе постапка за моја интерпелација од функцијата претседател на Комисијата за надворешни работи ама пауза ме ви давам, му рече Антонијо Милошоски на Артан Груби, кој побара пауза од еден час. Откако на Комисијата заврши излагањето на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во салата влезе пратеникот Артан Груби кој побара пауза оти поради обврски не можел да го слуша говорот на Димитров.

    „Барам стенографска белешка за да можам да се подготвам за мојот говор оти министерот зборуваше саат и половина, а не можев да го чујам“, рече Груби.

    Претседателот на Комисијата Милошоски му рече дека нема да добие пауза бидејќи со неговото барање сака да ја одложи работата и да го спаси Димитров од критика за недобивањето на датум за преговори со ЕУ.

    „Можете да барате интерпелација за мене, дека ме работам според Деловникот, но ние продолжуваме со работа, пауза нема да има. Сакате да го спасите министерот да не биде критикуван за неуспехот, да не може да одговори на нашите прашања“, рече Милошоски.

    Потоа пратеникот Илија Димовски побара од министерот Димитров да го замоли Груби да го повлече предлогот за пауза. Но и по интервенцијата на министерот, Груби не отстапи од барањето и бараше Милошоски да го почитува Деловникот за работа. Но, Милошоски не постапи по барањето на Груби, Комисијата продолжи со работа и збор доби пратеникот Илија Димовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира